Агробизнис форум: ЦЕФТА земјите да ја интезивираат соработката

Date of publication: 
29 May 2013
Agro forum.JPG

Компаниите од регионот да ја интензивираат соработката за поголема размена со земјоделските производи, да ги детектираат евентуалните пречки во рамки на трговските ЦЕФТА договори и да побараат помош од државните институции за нивно заедничко надминување.

Ова е пораката од денешниот агробизнис форум што го организираа УСАИД и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

 

Неопходно е, беше речено, да зајакнат и активностите со цел што поголемо искористување на средствата од европските фондови.

 

- Соработката за поголема трговска размена станува прaкса и нужност зашто државите од регионот веќе бележат дефицит со ЕУ од околу 1,5 милијарда евра. Преку интезивни контакти ќе може барем да се надмине овој негативен биланс, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

 

Според него, понекогаш земјите членки на ЦЕФТА не ги почитуваат одредбите. Се воведуваат вонтарифни бариери со што се спречува слободниот проток на земјоделски производи на пазарите од државите во регионот

.

- Две држави, Романија и Бугарија, се веќе членки на ЕУ и го напуштија ЦЕФТА договорот. Сега тоа ќе се случи и со Хрватска. Нашиот број се намалува поради што треба поинтезивно да соработуваме во трговската размена со земјоделските производи, напомена Димовски.

Македонија, оцени, е можеби најпозитивниот пример за балансиран увоз на земјоделски производи во однос на извозот.

 

И директорот на регионалниот проект за Западен Балкaн и Кавказ на УСАИД Филип Стојановиќ потенцира дека е неопоходна поголема соработка меѓу компаниите од регинот. Повеќе, рече, знаеме за други држави, како Германија, отколку за соседите.

- Сите треба тоа да го сториме, да реагираме на две нивоа, и кај државните институции и кај бизнис секторот, посочи Стојановиќ.

Според него, причините за многу малиот процент на искористеноста на ЕУ фондовите треба да се бараат, пред се, во немањето доволно искуство за пишување програми и банкарски кредитирања. - Освен што фирмите најчесто не знаат што сакаат да направат, недостасува и искуство кај владите како инфратсруктура, нагласи Стојановиќ.

 

Милица Живковска од Агенцијата за странски инвестиции која го презентираше веб порталот за регистрирани македонски компании информира дека засега најголем интерес за сопствена промоција имаат фимрите за преработка на свежо овошје и зеленчук.