- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски од Брисел: Македонија ја менува сликата за земјоделствотоDate of publication: 14 May 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска, во рамки на работната посета на Брисел, на покана од Милан Звер, член на Европскиот парламент и на Европскиот совет на млади земјоделци (ЦЕЈА), беше гостин-говорник на Третото издание на ЦЕЈА. Министерот Димовски учествуваше и на тркалезната маса „Младите фармери обезбедуваат одржлив развој за иднината на Европа“ што се одржа во Европскиот парламент. Тој во обраќањето порача дека како земја која сака членство во ЕУ, Македонија има за цел да ги усогласи регулативите и инструментите со ЕУ политиката и легислативата. - Oваа задача не е лесна и бара постојано балансирање меѓу нивото на усогласеност со ЕУ стандардите и реорганизација на земјоделскиот сектор кој е една од најзначајните гранки во македонската економија. Земјоделството зазема висока позиција во економијата на нашата земја и изнесува околу 15 проценти од бруто домашниот производ (БДП), ако се додаде и преработувачката индустрија. Тоа е основна гранка на 43 проценти од вкупно население, на 87 отсто од руралните области во Македонија, а 21 процент од работната сила кај нас е ангажирана во оваа гранка, истакна македонскиот министер во Европскиот парламент. Главен предизвик во овој сектор, додаде, е неповолната старосна структура на земјоделските стопанства со кои управуваат постари луѓе, а младите немаат интерес да се занимаваат со оваа гранка. Во 2007 година, врз основа на владината Национална стратегија за земјоделски и рурален развој 2007-2013 година, со усогласување на законодавство со ЕУ, Владата направи распределба на значителни буџетски средства за директна поддршка на инвестициите за рурален развој. - Целта одеше во два правца, зголемување и стабилизација на приходите на земјоделците и покривање на дел од трошоците за инвестиции за реконстриуирање и поддршка на земјоделското стопанство. Извршивме поттик на нови инвестиции и влез на свеж капитал за земјоделскиот сектор да стане попривлечен за зголемување на инвестициите. Република Македонија како и другите земји од ЕУ, во време на економски промени се соочува со синдром на стареење на населението и младите гледат да градат идна кариера на други места, додаде министерот Димовски. Според него, со секоја политичка одлука се настојува да се изврши промоција на улогата на младите во земјоделството и да се подобри старосната структура во земјоделскиот сектор и економска активност привлечна за младите. Прв чекор е менување на сликата за земјоделството за на него да се гледа како на бизнис, а не како на општествена активност. - Од 2012 година спроведуваме мерка за поддршка на младите фармери со обезбедување грантови од 10.000 евра поединечно на младите чии родители им пренеле сопственост на земјоделско стопанство. Паралелно, продолжуваме да работиме во насока на подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и на зголемување на образованието во земјоделството, како и овозможување дисперзирани студии со префрлување во местата од каде што доаѓаат студентите. Овој образовен систем придонесе за зголемен интерес на младите во руралните средини и тие да ја продолжат својата кариера во земјоделството, образложи министерот Димовски. Истакна дека стратешка цел на македонската Влада е поддршка и создавање работни места преку отворање се повеќе можности преку кофинансирање и диверзификација на економските активности во руралните средини, во што клучна улога играат и ИПА-фондовите. - Виталните перспективни рурални заедници ќе постојат со енергија и идеи на младото население и затоа се залагаме за нивна улгоа во руралното општество, аспект на кој треба да се стави акцент во овој период. Мора да признаеме дека социјалната вклученост на младите не е прашање кое се испреплетува со сите политики за земјоделство и рурален развој, но потребни се итни мерки за долгорочна цел, заклучи министерот Димовски пред младите европски земјоделци. Тој го квалификува обраќањето како одлична можност да ги претстави македонските аграрни политики во Брисел. - Сакаме да создадеме слика за успешна држава и во делот на земјоделството, што е сектор од особено значење за Македонија како трет најважен по индустријата и услугите, сектор кој во последните шест години покажува значителен прогрес. Двојно е зголемено производството на земјоделските производи и удвоен е извозот што доволно зборува за исправноста на владините политики, истакна министерот Димовски. Воедно најави дека ќе бидат донесени сет нови законски решенија со кои ќе им излезе во пресрет на земјоделците особено од аспект на обезбедување дополнителна сигурност во обработувањето на земјоделското земјиште и сигурност во нивниот вложен труд и инвестиција. - Сето ова го правиме со цел се што е расположиво во Република Македонија во делот на земјоделството да биде ставено во функција на производство на храна. На последниот состанок на ЦЕИ беше напоменато дека сите држави кои се високо развиени на земјоделски план, а се членки на ЕУ, до 2050 година треба да го зголемат производството во оваа гранка за 100 отсто, а оние кои не се членки на ЕУ како Македонија, а сакаат да бидат, треба да го зголемат производството за 70 проценти во следните 37 години. Ние покажавме дека тоа за кус период можеме да го постигнеме, рече министерот Димовски. Сигурна во иднина, додаде, ќе биде онаа земја што ќе има доволно производство на храна за да ги задоволи потребите на населението. - Ние не само што ги задоволуваме нашите потреби, туку имаме и големи можности за извоз. Нашиот пазар е мал и поголемиот дел од нашето производство е наменето за извоз. Имаме стратешки производи како тутунот, грозјето, виното и други градинарски и овошни производи. Ова е потврда на позитивнито пристап на Владата во делот на креирањето на политиките во земјоделството, истакна министерот. Освен македонскиот министер за земјоделство, обраќања на форумот имаа и министерот за земјоделство и животна средина на Република Словенија Дејан Жидан, како и организаторот на настанот, словенечкиот европратеник Милан Звер. Звер истакна дека во органзацијата на овој настан е вклучена и нашата земја со придавката „македонски“ и е претставена под уставното име зашто тој сака македонската евроинтеграција да се забрза и нашата земја наскоро да добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ. - На различни начини се обидуваме да и помогнеме на македонската Влада и на Македонија да се слушне нејзиниот глас во Брисел, земјата да биде се поприсутна во Европската унија. Иако формално не се почнати пристапните преговори, јас би сакал земјата да ја видам во нашето друштво и затоа целата своја енергија на надворешно-политичката сцена ја насочив за Македонија и оваа земја ми е приоритет во овој дел од мојата активност, дециден е европратеникот Звер. Овој настанот во Европскиот парламент, на кој присуствуваа и Јорис Бекер од Европскиот совед за млади фармери и европратениците Иво Вајгел и Алојз Петерле, се одржа со цел да се овозможи отворена дискусија на прашањето за обновување на генерациите во европското земјоделство во рамки на процесот на реформи на Заедничката земјоделска политика каде се заангажирани членовите на Европскиот парламент, членовите на земјите-членки, лицата надлежни да донесуваат одлуки и млади земјоделци од Унијата. |