- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот Димовски со амбасадорката на Германија Гудрун Елизабет ШтајнакерDate of publication: 8 May 2013Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со амбасадорката на Федеративна Република Германија, Гудрун Елизабет Штајнакер. На средбата стана збор за соработката на двете земји во областа на земјоделството која се поуспешно се реализира.
Како што истакна министерот Димовски Федеративна Република Германија е еден од стратешките партнери на Република Македонија во поддршката на структурните и правни реформи во процесот на европската интеграција. Тој ја информираше амбасадорката Штајнер дека од септември започнува нов твининг проект за Вкрстена сообразност во директните плаќања во кој експерти од Германија се партнери на нашето министерство за земјоделство.
Министерот Димовски додаде дека покрај овој твининг проект интензивна соработка со германските институции е реализирана и преку KfW банката во областа на водостопанството, поранешната Германската агенција за техничка соработка GTZ и сегашното Германско друштво за меѓународна соработка GIZ. Исто така Република Германија е силен подржувач и набљудувач на работата на Постојаната работна група за регионален рурален развој SWG чие што седиште е во Република Македонија.
Амбасадорката Штајнакер му се заблагодари на министерот за позитивните зборови кои ги кажа за билатералната соработка и истакна дека оваа успешна соработка помеѓу двете земји треба да продолжи и понатаму. Таа истакна дека Германија произведува вино но не со толку долга традиција како Македонија. Тие се познати по квалитетот и разноликоста на белите вина, но Република Македонија е позната по своите квалитетни црвени вина. Исто така амбасадорката Штајнакер ја истакна важноста на Меѓународната организација за лозарство и вино OIV во која Република Македонија и Република Германија се постојани членки.
На крај министерот Димовски изрази благодарност до амбасадорката Штајнакер за подршката која ни ја дава Република Германија посебно во областа на земјоделството и истакна дека оваа успешна соработка може само да се продлабочува. |