Заклучоци од состанокот на министрите одговорни за земјоделство и храна од Југоисточна Европа

Date of publication: 
5 April 2013

Денес во Сараево, Босна и Херцеговина се состанаа министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа под заедничка организација на Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG). Како претставник од Република Македонија беше амбасадорот на република Македонија во Босна и Херцеговина Рами Реџепи.

Поради присуството на покачени нивоа на афлатоксин во пченкатa кoja се користи за добиточна храна и како резултат на тоа, зголемени нивоа на афлатоксин во млекото и млечните производи, министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа дискутираа за потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи, меѓу кои:

Воспоставување на комуникација помеѓу институциите на земјите од Југоисточна Европа кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производи

Размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи

Завземање на заеднички став во превземање мерки и подготовка на акционен план за подобрување на комуникацијата и координацијата на нашите министерства.
На денешниот состанок, министрите дискутираа по предлогот на мерки и активности кои се однесуваат на појавата на афлатоксин кои ги предложи Регионалната ад хок експертска работна група која вчера одржа работен состанок.
По разгледување на предлогот подготвен од страна на регионалната експертска работна група, министрите одговорни за земјоделство и храна, и лидерите на делегации од земјите од Југоисточна Европа, ги донесоа следните заклучоци:
Земјите од Југоисточна Европа се согласија да обезбедат основа за контрола на афлатоксини во сточната храна и млеко и да ги следат постоечките граници утврдени со прописите на Европската унија;

Потоа да се ​​воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел:
а) подобрување на комуникацијата меѓу надлежните органи во регионот на Југоисточна Европа, како и со надлежните институции на Европската унија,
б) усогласување на активностите поврзани со проценката и уравување со во нашите земји
в) вклучително и на воспоставување акционен план и програма за следење на нивото на афлатоксини во млекото и во добиточна храна;

Исто така беше договорено да се воспостави детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од Југоисточна Европа и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и  преработувачите на храна вклучувајќи и воведување и примена на добри земјоделски практики, добри хигиенски и ветеринарни практики, вклучувајќи ги и HACCP принципите.
Се договорија и за зајакнување на капацитетите, односно воведување на постојана обука на ниво на владини претставници, инспектори, лабараториски персонал, производители и преработувачите на храна вклучувајќи ги и земјоделците
Се разгледа и можноста да се користи една референтна лабораторија за анализа на микотоксини во добиточната храна и храната во регионот или пошироко и да се стандардизираат процедурите за земање на мостри од храната и добиточната храна во согласност со прописите на Европската Унија.

На крај присутните заклучија дека треба да се воспостави протокол усогласен со ЕУ со кој ќе се дефинира како да се постапува со заразената добиточна храна.
На состанокот во Сараево, Босна и Херцеговина се дефинираа мерките и активностите за решавање на проблемите поврзани со појавата на афлатоксин во добиточната храна, млекото и млечните производи во регионот на Југоисточна Европа. И оваа средба уште еднаш ја нагласи важноста на регионалната соработка и дијалог во регионот на Југоисточна Европа кога се зборува за прашања од заеднички интерес, а особено во процесот на европската интеграција на нашите земји. Наредниот состанок ќе се одржи во Хрватска.