Повик за добивање овластување за испитување на ѓубриња

Date of publication: 
8 February 2013

Се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица овластени за испитување на ѓубрињата (Службен весник на Република Македонија бр.129 /10 ), врзоснова на член 34 од Законот за ѓубриња ( Службен весник на Република Македонијабр. 110/07, 20/09, 17/11 и 148/11), да се пријават заради добивање овластување за испитување на ѓубрињата. Кои барањето за овластување заинтересираните правни лица треба да ги достават следните документи :

-       тековна состојба издадена од Централен Регистар на Република Македонија на правното лице ;

-       диплома за завршено образование на вработените лица;

-       потврда за работно искуство издадена од институцијата каде истото е стекнато ;

-       М1/М2 обрасци за вработените лица;

-       План за испитување според начелата на добра земјоделска пракса;

-       Изјава за поседување на соодветна опрема за испитување;

-       Имотен лист или договор за закуп на деловен простор,заверен кај нотар ;

 

Без вакво овластување, правните лица не ќе можат да издаваат важечки документ за испитување на ѓубрињата.

 

Барањата за овластување се поднесуваат до Фитосанитарната управа секој ден од 08:30 до 16:30 часот,во рок од 7 (седум) дена од денот на објавување на соопштението.

 

Фитосанитарна управа

Ул. Аминта III бр.2 , 1000 Скопје

Лице за контакт: м-р Нако Николовски

Тел/ Факс:(02) 3112-241, Е-шта: nako.nikolovski@mzsv.mk

Тел. 070/ 409-891

Додаток за превземање: