- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
СоопштениеDate of publication: 23 December 2012Цинично и лицемерно е прикажувањето дека СДСМ во Прилеп се сретна со македонските земјоделци, доколку како такви се преставуваат малата група на партиски кадри, веќе докажани во фингирање на наводно земјоделско незадолство по партиски налог со фрлање на по некоја гајба домати, млеко или блокирање на пат во заштита на даночните проневери на некогашниот медиумски газда-нивен соселанец. СДСМ оправдано се плаши да се сретне со вистинските македонски земјоделци кои ги остави без пласман, со згаснување на големите агро-комплекси, на кои им ги рушеше откупните цени во корист на нив блиските транзициски олигарси, на кои целосно им ја укина финансиската поддршка и успеа да оствари најголемиот пад на производството и понижувања кои земјоделците уште долго ќе ги паметат. Впрочем, и покрај изречените дисквалификациии, грубите невистини и лажни прикажувања на сеуште незавршената собраниска надзорна расправа за земјоделството, токму самите земјоделци и врвните експерти, ја симнаа лицемерната маска на опозоциските пратеници-јуришници на кои сеуште не им јасно дека немаат елемнтарно право да се повикуваат на интересите на земјоделците и уште помалку за нив да се грижат. Со последната блокада на Собранието, опозицијата повторно го потврдува континуитетот на својот погубен однос кон македонското земјоделство, во пракса докажан во времето на нивното владеење. Министерството за земјоделство и земјоделците во државата оправдано очекуваат, наместо злоупотреба на Собранието и Буџетот за 2013 година за чудни партиски и пред се лични интереси, СДСМ што побрзо да го одблокира донесувањето на финансискиот план во кој заслужените финансиски средства за земјоделците се една од најзначајните, и од Владата загарантирани ставки, повторно зголемени во однос на тековната година. |