- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на откупен пункт во Прилеп, идната година 25 милиони евра субвенции за тутунотDate of publication: 23 November 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска го посети градскиот откупен пункт на прилепскиот Тутунски комбинат каде пред четири дена почна откупот на тутунот.
Тој изрази задоволство од почетокот на откупот и согласно очекуваниот род, за догодина најави исплата на 25 милиони евра субвенции. - Според производителите, реколтата која очекуваме да тежи околу 25.000 тони, е со висок квалитет. Тоа го потврдуваат и анализите, изјави министерот Димовски, додавајќи дека исплатата на преземените количини ќе биде во рок од седум до десет дена. Тој смета дека Македонија и тутунопроизводителите „извојуваа” значајна победа зашто Светската зравствена организација на состанокот во Сеул своите предлози за намалување на ориенталскиот тип тутун ги одложи за 2014 година. - Тутунопроизводсатвото има иднина, а Македонија е значаен субјект во продукцијата на ориентален тутун. Во догледно време го задржуваме производството. Тоа е добар знак за тутунарите, рече министерот, нагласувајќи дека тутунот, како и виното, е значајна земјоделско-индустриска гранка која ќе ја има поддршката од државата.
Во врска со извозот во Народна Република Кина, министерот Димовски рече дека е веќе потпишан протоколот со кинеското ресорно министерство за начинот и условите што треба да ги исполниме за пласман на ориентален тутун на кинескиот пазар. - Министерството го направи своето. На потег се откупните компании, доколку имаат партнер и го најдат својот инетерес, да извезуваат на кинескиот пазар, истакна Димовски. Од Тутунскиот комбинат потврдија дека 85 отсто од реколтата е високо квалитетна, а просечната откупна цена е 175 денари за килограм. Тутунарите се генерално задоволни од откупот, велат дека доколку се задржат квалитетот и поголемите количества тутун, може да има профит.
Сојузот на тутунските здруженија предвидува зголемување на производството в година. - Производството ќе се зголеми, сигурно е субвенционирањето по едно евро за килограм, а ориенталниот тутун се бара на светскиот пазар што е добра основа и оптимизам за тутунопроизводителите, изјави Цане Божиновски од Сојузот на тутунските здруженија. |