- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Во Битола отворена лабораторија за испитување и анализа на квалитет на млекоDate of publication: 28 October 2012Министерот и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и Зоран Коњановски денеска во Битола пуштија во употреба лабораторија за испитување и анализа на квалитетот на сирово млеко, која претставува прва ваква приватна инвестиција во Република Македонија.
Пред неколку дена на седница на Владата на Република Македонија, министерот Димовски информира дека била усвоена пет годишната национална програма за развој на земјоделството и руралниот развој каде што на земјоделците им се овозможува зголемување на вкупниот износ на субвенционирањето, но и обврска за исполнување на одредување на критериуми во функција на поголем квалитет на произведеното.
- Во наредните пет години ќе инсистираме на зголемување на квалитетот на млекото, а после две години ќе има зголемена субвенција за поквалитетно млеко. За да го обезбедиме тој квалитет на млеко треба да има современа лабораторија што ќе ги испита неговиот квалитет, а таква е лабораторијата што денес ја пуштаме во употреба. Наскоро ќе бидат отворени лаборатории и во другите региони со што ќе има покриеност на целата територија на нашата држава. Нашите цели се врзани со зголемување на сточниот фонд и зголемување на квалитетот на млекото и верувам дека оваа лабораторија ќе биде максимално користена од сите сточари, истакна министерот Димовски.
Инвеститорот на лабораторијата за испитување и анализа на квалитет на млеко Владимир Димовски, ветеринарен доктор од Битола во овој проект вложил 230.000 евра и очекува активна соработка со своите клиенти.
- Станува збор за високо софистицирани машини кои се произведуваат во САД и со применетите испитувања се согледува бројот на микро организми, соматски клетки, хемиска анализа, како и присуство на вода или антибиотици во млекото, рече сопственикот Димовски. Лабораторијата, додаде тој, е акредитирана за период од четири години и е со голем капацитет. |