- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Федерацијата на фармерите одбележа 10 години од основањетоDate of publication: 4 October 2012Федерацијата на фармерите на Македонија (ФФРМ) денеска одбележува 10 години од основањето и пет годишен јубилеј од издавањето на списанието „Моја земја“. Министерот Димовски истакна дека Федерацијата на фармерите претставува пример како невладиниот сектор ги интегрира македонските земјоделци, и во соработка со Владата и ресорното Министерство, активно креира платформа за унапредување и развој на земјоделското производство во државата. Федерацијата, посочи, е социо - економски партнер, а списанието „Моја земја“ веќе пет години е советник на земјоделците и ги запознава каде да ги насочат своите вложувања, кои производи се атрактивни на пазарот, кои се најсовремените средства за прихрана и одржување на насадите.
Земјоделскиот сектор, нагласи Димовски, во изминатиот период бележи позитивни движења како резултат на правилно насочените мерки за негова поддршка. Особено е зголемен извозот, кој од 242 милиони евра во 2006 година, годинава се зголемил на речиси 500 милиони годинава. - Во изминатите години со зголемување на поддршката и инвестирањето од страна на државата, но и со активните политики во областа на оданочувањето, пристапот до државното земјоделско земјиште и поволните кредити, македонскиот земјоделски сектор ја зголемува својата конкурентност, а со тоа и предизвикот во него да се вклучат уште поголем број субјекти, од земјава и од странство, рече министерот Димовски и додаде дека тој напредок постојано го нотира Европската комисија.
- Во овие десет години создадовме организација и бренд препознатлив и достапен за земјоделците и пошироката јавност, кој направи промени за подобрување на информираноста, едукацијата и обединување на сите субјекти инволвирани во земјоделскиот сектор, рече на свеченоста претседателот на ФФРМ Андреја Секуловски.
Успешното функционирање на Федерацијата, оцени, е голем чекор за земјоделското здружување, кој докажал дека земјоделците само здружено можат да ги остварат своите права и интереси. Секуловски нагласи дека создавањето модерно и профитабилно земјоделство е сложен и долг процес во кој што се појавуваат голем број правци и кои и не водат кон вистинската цел. - Токму за да не дозволиме да залутаме по тие патишта е потребно да бидеме обединети и правилно насочени. На оваа проблематика Федерацијата на фармерите работи во изминатите десет години, насочувајќи ги земјоделците да бидат, обединети, едуцирани и информирани за заеднички да ги решаваат своите проблеми и нивното производство да стане препознатливо и профитабилно, рече Секуловски.
ФФРМ е основана во јули 2002 година во Кавадарци, а нејзин прв претседател е Петко Златев. Како структурен модел во 2004 година го зема примерот на организирање на шведските фармери преку склучување договор за соработка со Шведската федерација на Фармерите - ЛРФ. Во 2004 година се прошири со четири нови канцеларии покривајќи ги сите региони на Македонија. Досега повеќе од 10.000 лица на директен или индиректен начин биле вклучени во работата на организацијата, како членови на управните тела, како вработени, како волонтери, учесници на обуки за студиски кружоци, школо за лидери, бизнис академија и многу други обуки, преку студиски патувања надвор од државата, преку организирани саеми и многу други форми. |