- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Доделена четвртина од кредитната линија на МБПР, осум фирми добија вкупно 2,7 милиони евраDate of publication: 15 September 2012Кредитната линија за земјоделските претпријатија обезбедена со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), почна да се користи. Како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, доделени се првите осум кредити во вкупна вредност од 2,7 милиони евра.
Средствата се реализираат под извонредно поволни услови, а ги користат претпријатија кои вршат откуп, преработка и извоз на земјоделски производи, пред се грозје, пченица и зеленчук. - Дизјанот и начинот на кој Владата ја формираше оваа кредитна линија ја погоди целта, да им се помогне на фирмите кои ги откупуваат земјоделските производи и истовремено ги извезуваат или ги преработуваат и извезуваат, да ја пребродат временската рамка во тој дел, да ги извезат земјоделските производи, да ги наплатат и да ги исплатат потоа земјоделците, истакна Ставрески. Тој очекува сите 11 милиони евра што ги обезбеди Владата да бидат искористени во релативно краток рок.
Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, ова е директна поддршка на нови инвестиции за подобрување на постојните бизниси во аграрот, но и за почнување нови. - Поволните услови од кредитната линија на Македонската банка за поддршка на развојот директно ќе влијаат врз интересот на македонските земјоделци да вложуваат во нова механизација, опрема и посовремени објекти, на модернизација на прехранбената индустрија, на обезбедувањето средства за откуп на поголеми количини и посигурен пласман, на брза исплата на земјоделците, како и на стабилизирање на пазарните односи и обезбедување услови за ценовен тренд без осилации, потенцира Димовски. Политиката на уште поповолно рурално кредитирање се надоврзува, додаде министерот, со останатата владина поддршка на земјоделците за набавка на животни со висок генетски потенцијал, подигање нови овошни насади, набавка на опрема и проширување на производните капацитети. |