- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Промоција на македонските вина во КинаDate of publication: 11 September 2012Македонската делегација предводена од Перица Иваноски, Државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, учествуваше на 7-от Форум за земјоделска соработка помеѓу Кина и земјите од Централно Источна Европа кој се одржа од 6 до 9 септември 2012 година во осум милионскиот Х’феи, главен град на провинцијата Анхуи. Форумот во организација на Кинеското министерство за земјоделство се одржува секоја година во насока на подобрување на економската соработка помеѓу европските земји и Кина. Во текот на форумот домаќините од Народна Република Кина и учесниците од другите земји беа запознаени со досегашната соработка во земјоделството помеѓу Македонија и Кина која оди во нагорна линија, а Економскиот промотор Славица Крстева информираше за инвестиционите можности за производство и преработка на овошје, зеленчук, грозје, мед, тутун, житарици и ориз како и за други производи земјоделски.
На бизнис форумот на кој учествуваа околу 120 учесници од Централна и Источна Европа, кинески државни инстуции и компании, беа презентирани и македонските производи. Квалитетното македонско вино од седумте македонски винарии и производите од еден производител за мед промовирани на саемот, беа прифатени со голем интерес од страна на кинеските посетители. За време на одржување на саемот пет од македонските винарии потпишаа договори за извоз на македонското вино, а интерес за трговска размена на земјоделските производи беше изразен и од страна на учесниците од европските земји – Полска, Романија, Унгарија, Хрватска итн.
По повод државниот празник за Независноста на Република Македонија, Амбасадата на Република Македонија на 8ми септември 2012 година организираше прием со целодневни активности за презентација и дегустација на македонските вина. Приемот спонзориран од македонските винарии учесници на саемот, беше одржан во ексклузивниот ресторан Максимс, 11-ти во светот отворен во градот Х’феи. На приемот присуствуваа гости од кинеската локална власт на Анхуи провинцијата, претставници од Министерството за земјоделство на Н.Р.Кина, претставници на централно и источно европските земји како и претставници на кинески реномирани компании, увозници и дистрибутери на вино. На гостите им беше овозможенo македонските вина да ги дегустираат со македонска храна, и во мелосот на македонската музика со домаќини на вечерата да дискутираат за можностите за понатамошната соработка.
Интензивната промоцијата на македонските земјоделски производи, посебно промоцијата на виното резултираше со зголемена заинтересираност за соработка и увоз на македонско вино во Кина од страна на кинеските увозници и дистрибутери на вино. Воедно претставниците на кинеските компании планираат посета на Македонија и проширување на соработката како и зголемување на порачките за увоз на македонско вино. Посебно значајно е да се истакне дека покрај вината на светски реномираните производители, македонското вино веќе е присатно во некои од најексклузивните ресторани во Кина. |