- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски ги презентираше потенцијалите на македонското земјоделство пред бизнисмени од ИндијаDate of publication: 14 June 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес се сретна со претставници од мултинационална компанија од Индија, која е главен застапник на Пепси во Индија. Оваа компанија се занимава со флаширање на газирани и негазирани пијалоци како и со производство и пакување на млеко и млечни производи. Во Македонија се дојдени за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во млечната индустрија, откупно дистрибутивните центри, како и во преработувачката индустрија, во сушење на земјоделски производи, сечење и брзо замрзнување на истите.
Министерот Димовски рече дека Македонија е солиден произведувач на земјоделски производи. Бележиме континуиран пораст на производството и извозот на земјоделски производи. Поради поволните климатски и почвени услови, истакна министерот Димовски, во Македонија за разлика од другите земји во регионот се произведуваат раноградинарски производи кои се препознатливи и на Европските пазари, а тоа пред се се должи на строгата фитосанитарна контрола и на употребата на современи агротехнолошки мерки. Исто така нашата земја е голем произведувач и на јаболка, праски, кајсии и цреши, производи кои во најголем дел се извезуваат на пазарите на ЕУ, а во последните неколку години и на Рускиот пазар каде се бележи зголемување на извозот за 260%.
„Во последниве години активно работиме и на подигнување на преработувачкиот сектор кој претставува катализатор за вишокот на земјоделски производи, а исто така и на отварањето на нови откупно дистрибутивни центри, кои се потребни кај нас, затоа што во Македонија земјоделските стопанства во просек се мали и немаат доволни количина за сами да излезат на пазарот. Затоа ние како Влада и министерство за земјоделство каниме компании кои би отвориле откупно дистрибутивни центри, а тоа е добро и за самите фармери бидејки ќе можат да го договорат и да го продадат своето производство“ – истакна министерот.
Гостите беа заинтересирани да слушнат и за млечната индустрија, каков е квалитетот на млекото, кои стандарди треба да се исполнети за да се извезува млеко од Македонија, на што министерот Димовски одговори дека во Македонија квалитетот на млекото се испитува во три национални лабаратории, но и секоја млекара има своја лабараторија во која се испитува квалитетот на млекото. За да се извезува млеко во ЕУ, рече Димовски, треба да се исполнат многу високи стандарди, кои во Македонија ги исполнува само една млекарница. Квалитетот на македонското млеко е на високо ниво, а тоа пред се зависи од квалитетот на храната на животните.
Гостите изразија благодарност до министерот Димовски за средбата и за исцрпните информации за состојбите и можностите на македонското земјоделство. |