- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Пролонгиран рокот за поднесување на барања за субвенцииDate of publication: 13 June 2012На барање на земјоделците и здруженијата на земјоделци Владата на Република Македонија на предлог од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања за 2012 година.
Со оваа уредба се пролонгира рокот за поднесување на барања за субвенции и наместо до 20 јуни 2012 година, земјоделците барањата за субвенции ќе можат да ги поднесат до 31 јули 2012 година.
Земјоделците побараа продолжување на рокот за поднесување на барања по Програмата поради воведувањето на нов систем на администрирање на директните плаќања во Република Македонија. Во насока на воспоставување на Интегриран систем за администрација и контрола, се изврши интегрирање на софтверот за директни плаќања со софтверот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства, при што се овозможи значајно намалување на документите кои барателите ги доставуваат во прилог на барањата.
Продолжениот рок за поднесување на барањата за субвенции ќе придонесе за целосен опфат на земјоделските стопанства во процесот на поднесување на барања |