Соопштенија

Агросовет
Дата на објава: 
25 Ноември 2009

 

Петок, 27 .11. 2009 година, во 11 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи состанок на Агросоветот.

 

Тема на состанокот е ,,Предизвиците, можностите и условите на државава за користење на средствата од ИПАРД Програмата за периодот 2007-2013 година,,.


ИПАРД - Кочани и Велес
Дата на објава: 
24 Ноември 2009

 

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, 25.11.2009 година ќе организира ИПАРД инфо ден во Велес и Кочани.

 

Во Велес, презентацијата на можностите, условите и начинот на аплицирање за добивање на пари од предпристапните фондови на ЕУ, Телото за управување со ИПАРД ќе одржи од 10 до 13 часот во салата Бели мугри на Градската библиотека.

 

Телото за управување, ќе ја претстави ИПАРД Програмата за  заинтересираните земјоделци и преработувачи од Кочани од 15 до 18 часот во  просториите на Советот на општина Кочани.

 

Покануваме новинари и сниматели да ги проследат овие настани.


Соопштение
Дата на објава: 
24 Ноември 2009
za web.jpg

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска оствари прва официјална средба со Давид Кохен амбасадор на Изралел за Р.Македонија и Виктор Мизрахи почесен конзул на Израел во Р.Македонија.

 

На средбата беше разговарано за интензивирање на соработката на двете земји во областа на земјоделството.Соработката  беше заклучено на средбата,главно би можела да се лоцира во три области.Во размената на искуства во наводнувањето,во организација на производството на одредени култури и во подигнување нивото на соработка  меѓу македонските и израелските компании за производство и пласман на земјоделските производи.


Соопштение
Дата на објава: 
23 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој ќе организира  состанок со членовите на Агробизнис комората при Сојузот на Стопански комори.

 

Состанокот ќе се оддржи на утре на 24 ноември во Клуб на новинари во Скопје со почеток во 10 часот.


Соопштение
Дата на објава: 
20 Ноември 2009

Управувачкото тело за ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во понеделник, 23.11.2009 ќе организира ИПАРД инфо ден  во Прилеп и Кавадарци.

 

Заинтересираните земјоделци и преработувачи од Прилеп, за условите и начинот на аплицирање за предпристапните фондови ќе можат да се информираат на семинарот за ИПАРД ќе се одржи во просториите на општина Прилеп од 10 до 13 часот.

 

ИПАРД семинарот во Кавадарци ќе се одржи во хотел Фени, со почеток во 15 часот.


Syndicate content