Соопштенија

ИПАРД Комора
Дата на објава: 
2 Декември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, продолжува со кампањата за претставување на ИПАРД програмата.

 

Утре четврток, 3.12.2009 година, во 13 часот,  во Стопанска комора на Македонија, ќе се одржи состанок со Групацијата на преработувачи на месо.

 

Во Делчево и Берово, Телото за управување ИПАРД ќе одржи информативен ден за заинтересираните земјоделци и компании од агросекторот .

 

Во Делчево, претставувањето на ИПАРД програмата ќе се одржи во  Спомен домот на АСНОМ со почеток во 10 часот, а во Берово во 14 часот во просториите на општината.

 

ИПАРД инфо деновите продожуваат  во петок, 4.12.2009 година, во Арачиново и во Чучер Сандево.


Соопштение
Дата на објава: 
1 Декември 2009

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, утре среда, 2 декември 2009 година, со почеток во 10:30 часот, во Хотел Континентал, ќе ја презентира „Нацрт-стратегијата за лозарство и винарство во Р. Македонија“.


ИПАРД - Куманово
Дата на објава: 
30 Ноември 2009

Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, утре  ќе организира ИПАРД инфо ден во Куманово .

 

Се покануваат сите заинтересирани земјоделци да ја проследат презентацијата за можностите, условите и начинот на аплицирање за добивање на средствата од предпристапните фондови на ЕУ, што ќе се одржи од 12 часот во Зградата на поранешниот комитет.


ИПАРД - Штип
Дата на објава: 
26 Ноември 2009

 

Телото за Управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, утре, 27.11.2009 година, ќе организира ИПАРД инфо ден во Штип.

 

Заинтересираните земјоделци и преработувачи, за ИПАРД Програмата ќе можат подетално да се информираат на семинарот кој че се одржи од 10 до 13 часот, во просториите на општина Штип.


Соопштение
Дата на објава: 
26 Ноември 2009

 

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски,  утре, 27. 11. 2009 година, во 10.30 часот, во Ректоратот на Универзитетот ,, Свети Кирил и Методиј,, , ќе се обрати на присутните на свеченоста  по повод одбележувањето на јубилејот 65-години Земјоделски институт.


Syndicate content