Соопштенија

ЈАВНА РАСПРАВА
Дата на објава: 
10 Мај 2010

Работната верзија на  подзаконскиот акт -Правилник за начинот на спроведување на добра земјоделкса односно  хигиенска пракса со прилог Кодекс и Прирачник за добра земјоделкса пракса.

 

Се повикуваат сите заинтересирани страни да го дискутираат  нацрт текстот  на подзаконскиот акт   со цел  конкструктивен придонес во  дефинирањето на оваа тематска област кој претставува  основа за поттикнување на примента на агро-еколошките мерки и користење специфични субвенции и плаќања за таа намена како и услов за користење на одделни мерки за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Контакт:

Валентина Митева

tmvmiteva@yahoo.com

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 

Работен состанок на министерот Димовски со земјоделски здруженија
Дата на објава: 
5 Мај 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска одржа работен состанок со претставници на Федерацијата на фармери и Сојузот на земјоделците. Тема на состанокот беше подготовките за жетва и откуп на пченицата од претстојната реколта.

 

Денешната средба истакнаат земјоделците е навремена и ќе придонесе за квалитетно извршување на жетвените активности. Земјоделците побараа на наредните состаноци да се вклучат и претставници на мелничко-пекарската индустрија со кои ќе се разговарало за склучувањето на договорите за  откуп на пченицата.

 

Како проблем кој не би требало да се повтори и оваа година земјоделците ги наведоа доцнењето со исплатата, високиот процент на одбитоци и старата жетвена механизација.

 


СООПШТЕНИЕ
Дата на објава: 
3 Мај 2010
Bilateralna sredba Izrael 002.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска се сретна со Хаим Дивон, амбасадор на Израел за Република Македонија и директор на Центарот за меѓународна соработка на Израел (MASHAV).

 

Министерот Димовски и Дивон контатираа дека соработката на Репблика Македонија и на Израел е на високо ниво, но, на полето на земјоделското производство таа може да се продлабочува и тоа преку организирање на израелска експертска обука за одделни земјоделски  сектори.

 

За да има евидентен напредок во развојот на земјоделското производство, важно е констатираа министерот Димовски и израелскиот амбасадор, прво да се обединат производителите, а потоа и науката и надлежните институции на системот.

 


ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНА РАСПРАВА
Дата на објава: 
30 Април 2010

Управата за семе и саден материјал при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изготви Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

За таа цел Ве покануваме на ден 05.05.2010 година- среда во зградата на пораншната Македонија Табак - во салата за состаноци, (приземје) каде ќе биде презентиран горе наведениот Предлог.

Би Ви биле благодарни ако присуствувате на истата и активно се вклучите во расправата.


Демант
Дата на објава: 
27 Април 2010

Добро би било СДСМ во своето време да направеше еден ваков прес за резултатите од својата работа во делот на борбата против бруцелозата, и кај луѓето и кај животните.Во тој случај, нивниот прес ќе изгледаше вака:

 

2002-2006 година – константно зголемување на бројот на заболени луѓе на годишно ниво, или во бројки околу 350-400 луѓе.

 

2002-2006 година – константно зголемување на бројот на заболени животни, или во бројки околу 15.000 животни на годишно ниво. Што е уште пострашно, болните животни не се одземани, туку се оставани на терен и понатаму да ја шират болеста, за што сега ние плаќаме високи трошоци.

 

2002-2006 година – константно зголемување на износот на средства потрошени за сузбивање на оваа болест, односно во просек околу 110.000.000,00 денари годишно.


Syndicate content