Делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена до 15.08.2017 година

Дата на објава: 
4 Август 2017

Согласно член 57 став (4) од Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ бр..64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15, 7/16 И 39/16),  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува

 

Поради високите температури во овој перид од годината, а со тоа и зголемена опасност од појава на шумски пожари,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Македонски шуми“,  а  врз основа на горенаведениот член од Законот за шумите, даде согласност за делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена во период од 15.07.2017 - 15.08.2017 година  која веќе беше објавена во јавноста.

Оваа согласност не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.

Ова согласност не важи за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена  во Република Македонија, која ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонсдки шуми“ и претставник од субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории.

Воедно апелираме до сите граѓани на Република Македонија во овој период од годината, а и заради  своја безбедност да се воздржат од нанесување  на штети на шумата, палење отворен оган во шума, користење на средства-материјали кои се запалливи, а се за лична употреба и др.

За непочитување на одредбите од Законот за шумите,  физички лица кои се затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја  ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност,  согласно член 106 од Законот за шумите.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонсдки шуми“ со 30 подружници, додека со шумите за посебна намена управуваат ЈУ Национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“; ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје, како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15 И 193/15) и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

 

За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.