Уделот на земјоделството во бруто домашниот производ во првиот квартал пораснат за 5,1%

Дата на објава: 
8 Јуни 2018
logo_mzsv.png

Според официјалните податоци на Државниот завод на статистика на Република Македонија забележан е раст од 5,1% во земјоделството за првиот квартал, во споредба со претходната година. Во првиот квартал од 2018 земјоделство шумарство и водостопанство учествуваат со високи 6,6% во бруто домашниот производ, за разлика од истиот период во 2017 година, кога овој процент изнесувал 1,5.
Пресметките за првиот квартал на 2018 година уште еднаш потврдуваат дека политики на МЗШВ се во насока на развој на земјоделството. Оваа Влада е насочена кон реални проекти, кои ќе дадат реални и одржливи позитивни резултати.
Високиот раст во областа на земјоделството се должи на повисока откупна цена на земјоделските производи, зголемен извоз на земјоделско-прехрнбени производи, создавање на поволни економски услови за извоз, контрола на увозот на стоки и други фактори. Големо влијание имаат и мерките што се преземаат во делот на субвенциите како што е навремена исплата, зголемените субвенции за земјоделците со развоен потенцијал, и мерки за поддршка на млади земјоделци.