Државниот инспекторат за шумарство и ловство

Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги врши работите во врска со инспекцискиот надзор над примената на законските прописи и подзаконските акти од Законот за шумите, Законот за ловството, Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја, Законот за заштита на растенијата од болести и штетници и други законски прописи кои се тесно поврзани со оваа проблематика.

 

Државниот инспекторат за шумарство и ловство врши инспекциски надзор на 1.002.809 ха шуми и шумско земјиште во Државна и приватна сопственос, од кои 861.243 ха се обраснати со шума и 141.566 ха се необраснати, кои површини се уредени во 176 посебни планови за стопанисување со шумите, како и 249 установени ловишта, уредени со посебни ловностопански основи кои се дадени по пат на концесија за користење, одгледување и заштита на дивечот.

 

Работите од делокруг на Државниот инспекторат за шумарство и ловство се извршуваат преку Сектор за шумарство и ловство, едно одделение за стручно административни работи и пет регионални одделенија:

 

1. Одделение за стручно административни работи во органот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Скопје.

 

2 .I - Регионално одделение за вршење инспекциски надзор во органот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Скопје, Куманово, Крива Паланка и Велес.

 

3. II - Регионално одделение за вршење инспекциски надзор во органот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Скопје, Гостивар, Тетово, Кичево, Струга и Охрид.

 

4. III - Регионално одделение за вршење инспекциски надзор во органот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Скопје, Прилеп, Битола, Демир Хисар и Македонски брод.

 

5. IV - Регионално одделение за вршење инспекциски надзор во органот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Скопје, Делчево, Виница, Кочани, и Берово.

 

6. V - Регионално одделение за вршење инспекциски надзор во органот на Државниот инспекторат за шумарство и ловство во Скопје, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Штип и Радовиш.