Управа за семе и саден материјал

Закони Правилници Надлежности Национална сортна листа

 

Седиште: ул. Аминта Трети бр. 2 трети кат Скопје

Контакт телефон/факс: 02/3134-477

 

Управата за семе и саден материјал е орган во состав на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и нејзина основна цел е да врши организациони и со нив поврзани стручни задачи од областа на производство, подготовка за трговија на семенски и саден материјал, пакување, сертифицирање, етикетирање, трговија со семенски и саден материјал од сорти на земјоделски растенија и врши внесувања на сорти на земјоделски растенија во националната листа и друго.

 

Директор на Управата за семе и саден материјал
Хилми Гаши
e-mail: hilmi.gashi@mzsv.gov.mk

Назад на врв


 

Управата работи според следниве закони :

 

Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Службен весник на Република Македонија бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15 и 39/16) Превземи, Превземи (Закон за измена на законот), Превземи (Закон за измена на законот), Превземи (Закон - Пречистен текст)

Закон за селекционерски права (Службен весник на Република Македонија бр.52/09) Превземи

 

Назад на врв


 

Управата за семе и саден материјал од Законот за семенски и саден материјал на земјоделски растенија (Службен весник на Република Македонија бр. 39/06, 89/08 и 171/10) ги донесе следниве подзаконски акти (Правилници) кои се усогласени со ЕУ директивите

 

Листата и превемањето на сите подзаконски акти можете да ги погледнете на следниот линк.

 

Управата за семе и саден материјал од Законот за селекционерски права (Службен весник на Република Македонија бр. 52/09) ги донесе следниве подзаконски акти (Правилници)

 

1. Правилник за составот и начинот на работата на Комисијата за заштита на растителни родови и видови на земјоделски растенија. (Службен весник на Република Македонија бр. 134/10) во согласност со Меѓународната Конвенција за заштита на нови сорти(UPOV- конвенција) Превземи

 

2. Правилник за формата, содржината и постапката на поднесување на пријавата, потребните информации, документи или материјал за доделување на селекционерско право, формата, содржината и начинот на водење на регистарот на селекционерски права. (Службен весник на Република Македонија бр. 134/10) во согласност со Меѓународната Конвенција за заштита на нови сорти(UPOV- конвенција) Превземи

 

3. Правилник за висина на трошоците за доделување на селекционерското право,  и за висината на надоместокот за оддржување на селекционерското право. (Службен весник на Република Македонија бр. 66/11) во согласност со Меѓународната Конвенција за заштита на нови сорти(UPOV- конвенција) Превземи

 

Назад на врв


 

Надлежности на Управата согласно законите се спроведување на следниве постапки:

 

А. Постапка за запишување на Снабдувачот на семенски и саден материјал во Регистар на снабдувачи на семенски и саден материјал кој го води Управата е следна:

 

Потребни документи за запишување во регистерот се :

 

- Да се пополнети образци 1, 2 и 3 кој е составен дел од Правилникот за условите што треба да ги исполнува снабдувачот за да се запише во регистарот на семенски материјал и регистарот на саден материјал, содржината и начинот на водење на регистрите и содржината на барањето за запишување (Службен весник на Република Македонија бр.08/07 ). Превземи образец 1, Превземи образец 2, Превземи образец 3

 

Снабдувачот кон барњето треба да приложува и:

 

- Доказ за обезбедено одговорно лице со високо образование земјоделски факултет-соодветна насока и три години работно искуство

- Копија од договорот за вработување или копија од договор, со кој снабдувачот и одговорното стручно лице ги договараат меѓусебните односи

- Уверение или диплома (копија заверена на нотар )

- Доказ со кој може да се види работното искуство

- Доказ за поседување на земјиште, опрема, магацински и деловен простор.

- Доказ за платена административна такса ( уплатница или таксени марки во вредност од 1500.00 денари).

 

Б. Постапката за пријавување и запишување на нова домашна и странска сорта од земјоделски растенија е регулирана во Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија ( Службен весник на Република Македонија бр.39/06, 89/08 и 171/10). Таа се одвива на следниов начин:

 

1. Правното лице за да пријави и запише нова сортa од семенски и саден материјал треба да е регистриран како снабдувач на семенски и саден материјал и да запишан во регистерот што го води Управата.

 

2. Потребни документи за пријавување и запишување на нова домашна и странска сорта од земјоделски растенија е објаснето во Правилник за запишување на сортата во Национална сортна листа и за водење на Национална сортна листа (Службен весник на Република Македонија бр. 103/09)

 

- Пополнети образци бр.1 тоа е Пријава за запишување на сортата во националната сортна листа. Превземи образец 1

- Достави одредено количина на семенски или саден материјал за испитување на сортата, кое е утврдено различно за секоја култура во Правилник за количините на семенски и саден материјал потребни за испитување (Службен весник на Република Македонија бр.38/07)

- Уплати надоместок за испитување на сортата кое е утврдено различно за секоја култура во Правилник за висината на надоместувањето на трошоците за испитување на вредноста на производството и употребата на сортите во сортни опити и висината на надоместокот за работата на комисијата за Национална сортна листа (Службен весник на Република Македонија бр.38/07)

- По добивањето на резултатите од испитувањето на сортата, Комисијата за национална сортна листа донесува одлука и ја доставува до Министерот за издавање на решение за запишување на сортата во националната сортна листа и се објавува во Службен весник на Република Македонија.

- Испитување на производна и употребна вредност на сортите - (VCU-test) е регулирано во Правилник за постапките и методите за испитување на видовите и сортите на земјоделски растенија и видовите и сортите за земјоделски растенија за кои не е потребно испитување на производна и употребна вредност (Службен весник на Република Македонија бр.85/09) , потребно е да се пополни Пријавата за испитување на производна и употребна вредност на сортите - (VCU-test

 

В. За Постапката за увоз на семенски и саден материјал за земјоделски растенија е надлежена Управата за семе и саден материјал. Постапката за увоз на семенски и саден материјал за земјоделски растенија е регулирана во Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија ( Службен весник на Република Македонија бр.39/06, 89/08, 171/10 и 53/11). Таа се одвива на следниов начин:

 

1. Правното лице за да изврши увоз на семе и саден материјал треба да е регистриран како снабдувач на семенски и саден материјал и да запишан во регистерот што го води Управата.

 

2. Семенскиот и садниот материјал од земјоделски растенија може да се увезе и стави во трговија само до колку сортата е запишана во Национална сортна листа на Република Македонија или во Европскиот заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови.

 

3. Сортите запишани во Националната сортна листа или во Европскиот заеднички каталог на сорти од земјоделски растителни видови можат да се увезат исклучиво преку овластени застапници во Република Македонија согласно Законот за трговски друштва.

 

4. Организира постконтрола во опитни полиња на репрезентативен примерок од партии на семе вклучувајќи и увезени партии семе кои се размножуват за натамошно производство на семенски и саден материјал.

 

5. Увозникот е должен пред увозот на секоја пратка од семенски и саден материјал за земјоделски растенија да ја пријави на државен фитосанитарен инспектор за инспекциски преглед.

 

Г. За да се следи квалитетот на семето во Република Македонија одделението за контрола и пост-контрола воспоставува официјален систем за производство на сертифициран семенски и саден материјал од сорти и видови на земјоделски растенија за тековната година.

 

Врши мониторинг и контрола за време на вегетација и контрола на работата на овластените стручни лица на терен и во лаборатории издавањето на официјалените сертификати и др.

 

За произведеното сертифицирано семе издава конечен сертификат и етикети кои го придружуваат семето за ставање во трговија.

 

Одделението подготвува извештаи, анализи, информации, и други материјали од областа на семенарството,објавување на податоци за произвоство ,соработува со други органи, организации, здруженја и други правни лица во Република Македонија и во други земји.

 

 

Управата има изготвено Национална сортна листа во која се наведени сите признаени сорти на земјоделски растенија со кои може да се тргува во РМ. Превземи НСЛ 1, Превземи НСЛ 2, Превземи НСЛ 3, Превземи НСЛ 4, Превземи НСЛ 5, Превземи НСЛ 6

 

Назад на врв

1. Правилник за видовите и количините на семе и саден материјал на одделни видови наменети за лична употреба на производители каде уписот не е задолжителен во регистарот на снабдувачи на семенски и саден материјал

(„ Службен весник на Република Mакедонија“ бр. 23/11)