Осигурување на примарното земјоделско производство

Дата на објава: 
19 Ноември 2009

 

Почитувани,

 

Како продолжение на активностите за подигнување на свеста и зголемување на интересот на земјоделските производители за осигурување на примарното земјоделско производство,  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) организира информативна средба за претставниците на земјоделските производители и земјоделски здруженија, на тема „Осигурување на примарното земјоделско производство“. Информативната средба ќе се одржи на 25 ноември 2009 година (среда) со почеток од 13  часот, во просториите на  Општина Новаци.

 

На информативна средба ќе присуствуваат примарните земјоделските производители, земјоделските здруженија, претставници на АПРЗ, претставници од осигурителните компании во Република Македонија и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Целта на информативната средба е запознавање на земјоделските производители и членовите на земјоделските здруженија со политиката на МЗШВ за осигурување на примарното земјоделско производство како и презентација на условите за осигурување на примарното земјоделско производство од страна на осигурителните компании.

 

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на информативната средба најдоцна до 23 ноември 2009 година (понеделник), како и потврда дека сте заинтересирани да направите кратка презентација на пакетите за осигурување на примарното земјоделско производство.

 

 

Со почит,

 

Министер

Љупчо Димовски